Од родители за родители.

Сè започна многу едноставно – од нашето лично искуство како родители и постојаната потрага по квалитетни, практични и убаво дизајнирани on-the-go додатоци кои го поддржуваат динамичното секојдневие со деца.

Нашата приказна

Родителството не доаѓа со упатство, но брзо нè учи дека малите нешта прават најголема разлика – добро организирана торба, практичен додаток кога си надвор или едноставно производ кој ти го олеснува моментот кога си во движење со твоето дете. Токму тие мали, секојдневни моменти нè водеа да го создадеме Bebecito.

Знаевме дека не бараме само убави производи, туку нешто што навистина функционира во реалниот живот – нешто што ќе овозможи повеќе леснотија, повеќе ред и повеќе простор да бидеме целосно посветени на моментите што навистина значат.
На Bebecito ќе пронајдете производи кои се внимателно избрани – не само по изглед, туку пред сè по нивната практичност и улогата што ја имаат во поддршката на динамичното секојдневие во кое функционираме.

За секој мал момент

Понудата се состои од шпански брендови со долгогодишна традиција и докажан квалитет: Pasito a Pasito, Walking Mum и Miniland. Сите нивни колекции ја спојуваат функционалноста со убав дизајн и квалитет на кој можеме да се потпреме секој ден.

Нашата цел е да создадеме on-the-go поддршка за твоето динамично секојдневие со деца – мала, но значајна помош која ти го олеснува денот и ти остава повеќе простор за она што навистина е важно.

Купувај по категории

On The Go

Најнови производи

Придружи се на нашата e-mail листа!

Биди во тек со сите новости.

Безбедно плаќање

Поврат/замена

Брза испорака